banner
picture
Lorem Ipsum is simply dummy text of the printing and typesetting industry.
Lorem Ipsum as their default model text, and a search for 'lorem ipsum' will uncover many web sites still in their infancy.
picture

СМЕТКОВОДСТВО
Зошто е важно сметководството

picture

Сметководството одамна не е веќе само евиденција поради евиденција.

Профитни центри
Евиденцијата на работењето на одделните делови од фирмата преку профитни центри овозможува реален увид и јасна поделба на оние профитни центри кои навистина може да го носат тоа име и на оние кои се на работ на рентабилноста. Не е веќе се во купот, бројките се јасни и бараат одлуки.

Место на трошок
Дали знаете колку гориво троши конкретно возило? А колку сте платиле минатата година за регистрација и осигурување на истото? Дали знаете колку Ве чини секретарката (бруто плата+ мобилен + такси до УЈП+ такси до Агенција итн) на месечно ниво? Ако досега тоа беше нешто за кое требаше да се ангажираат неколку вработени, кои требаше да бараат по документите со денови, со ваквиот начин на евидентирање, податокот се добива веднаш.

Листа на ненаплатени побарувања по денови на доцнење
Не мора веќе да правите табели, податокот може да го

Ова веќе не е евиденција, ова е моќно оружје во рацете на менаџерот за успешно водење бизнис.

ФИНАНСИИ
Добар софтвер - акцелератор на бизнисот

picture

Претприемачите во малите фирми мора да бидат експерти за скоро секој аспект на бизнисот. Кога станува збор за финансиите и сметководството, не значи дека ако ги води некој друг дека не треба да ги контролирате и да ги менаџирате. Преку сметководствен и финансиски софтвер ќе го остварите тоа лесно и брзо. Но пред да му платите на некој познат или пријател кој Ви ветил дека ќе Ви направи најдобар софтвер на светот, следат некои искуства од оваа област.

- не купувајте софтвер доколку немате можност да го користите пробен период. Само така ќе знаете дали навистина сте го одбрале најдоброто решение.Презентациите и примената се многу различни работи.

- малите фирми најчесто го користат само основниот пакет (фактури, наплата, банкови изводи). Водете сметка дали може софтверот да се надгради со додатни пакети (модули), бидејќи бизнисот ќе се зголемува и ќе стане посложен.

- направете анализа дали ќе купите софтвер или истиот ќе го изнајмите

- осигурајте се дека податоците ќе бидат заштитени

Добриот софтвер е многу повеќе од едноставно зголемување на ефикасноста. Секако дека влијае на впечатокот дека сте сериозна фирма. Тешко е дека клиентите ќе Ве сватат сериозно доколку фактурата е напишана со ракопис или во недоработен њорд документ. Но доколку издадете професионално изработена фактура, со Вашето лого, Вашите клиенти ќе стекнат впечаток не само дека сте сериозна фирма, туку дека имате и цела служба за таа намена. Мала инвестиција сега, може и најчесто значи голема заштеда тогаш кога најмногу Ви треба. Ова секако не значи дека треба да купите САП или ОРАЦЛЕ. Ефикасен софтвер кој ќе биде компатибилен со работењето на фирмата и ќе ги покрие потребите може да се набави и за разумна цена.

ОРГАНИЗАЦИЈА
Зошто мора да соработувате повеќе со сметководството

picture

Претприемачите се соочуваат со намалена ликвидност и промет, а ова се $$$$ што ги губат поради повеќе причини.

  • Менаџирање на cash flow
  • Наплата
  • Фактурирање
  • Плаќања
  • Финансирање
  • Судски спор

Менаџирање на cash flow
Здрав Cash Flow е основа за опстанок на бизнисот - осигурајте се дека го менаџирате ефикасно

Запознајте го својот клиент
Дали знаете со кого работите? Проверете преку ЦРМ или преку неговите добавувачи

Наплата
Најголема закана и најболна точка за цасх флоњ. Секогаш формално потврдете ги условите за испорака и плаќање и разработете стратегија за работа со клиенти кои бараат одложено плаќање.

Наплата1
Пратете ја наплатата редовно и направете план за комуникација со клиентите. Најпрво проверете дали ја добиле фактурата и дали истата е одобрена.

Наплата2
Доколку наплатата е недоволна и немате доволно средства нема да може да платите на добавувачите, вработените и Вашиот бизнис ќе пропадне. Затоа редовно ажурирајте го планираниот цасх флоњ за да може навремено да реагирате.

Фактурирање
Еден од најважните чекори за солиден цасх флоњ. Испратете ја фактурата веднаш по испораката на стоката. Решавајте ги рекламациите во најкус можен рок. Внимавајте фактурата да ги содржи сите неоходни елементи согласно позитивните законски прописи.

Плаќања
Најдобра деловна практика е да ги подмирувате обврските кон добавувачите и останатите кредитори навреме. Со тоа демонстрирате сериозност на пазарот.

Финансирање
Можноста навремено да ги плаќате доспеаните обврски вообичаено значи дека имате подолги рокови за плаќање и пократки рокови за наплата. Во спротивно ќе мора да обезбедите дополнителни средства преку факторинг, кредити и слично.

Судски спор
Кога сите обиди за наплата ќе пропаднат, може да поведете спор пред надлежниот Суд. Воведете процедура до кога ќе ги толерирате неплаќачите.